Поднесување на апстракти

“Семејна медицина – реалност и иднина”

За да го олесните процесот на поднесување и последователно следење на процесот, земете ги предвид следниве упатства, информации, совети, термини и рокови.

Упатство за структура на апстракт

ФОРМА НА АПСТРАКТ

  • СТИЛ: Нормален
  • ФОНТ : Times New Roman
  • ГОЛЕМИНА : 12
  • ФОРМАТ НА СТРАНА : A5
  • Апстракт – максимум 22 реда, без празни места или 300 зборови

Упатства за поднесоци

1. Апстрактите се испраќаат по електронски пат на македонски или на англиски јазик преку доленаведената форма.

2. Насловот треба да биде со задебелени големи букви, ДА НЕ СОДРЖИ КРАТЕНКИ

3. Прво ќе се наведе презимето на авторот, па првата буква од името, БЕЗ ТИТУЛИ. Во случај на група автори, презентерот на трудот да биде повлечен.

4. После тоа, ќе бидат наведени институцијата, градот и земјата.

5. Апстрактот се состои од следново: ЦЕЛ, МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОД, РЕЗУЛТАТИ И ЗАКЛУЧОЦИ.

    1. a) Апстрактите за трудовите за истражување треба да се состојат од цел, методи, резултати и заклучоци
    1. b) Апстрактите за извештаи за случаи треба да се состојат од вовед, случај(и) и дискусија
    1. c) Апстрактите за научни прегледи треба да се достават како краток пасус што ја одразува содржината на трудот

6. Наведете дали сакате да имате усна или постер презентација. Усната презентација е ограничена на 10 минути. Постер за презентација со следниве димензии: 1×1 m.

НАУЧНИОТ ОДБОР ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ОДЛУЧИ ДАЛИ ПРИФАТЕНИОТ АПСТРАКТ ЌЕ БИДЕ ЗА УСНА ИЛИ ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Сите апстракти се испраќаат преку доленаведената форма.
ЗАБЕЛЕШКА : Секој апстракт се испраќа во посебна датотека
РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ АПСТРАКТИ: 15 MАРТ 2020 ГОДИНА
Краен рок за известување дека трудот е прифатен е 30.03.2020 година

ЕДЕН АВТОР МОЖЕ ДА БИДЕ НОСИТЕЛ НА ДВА ТРУДА (КАКО ПРВ АВТОР) И ДВА ТРУДА КАКО КО-АВТОР

 

ПРОЦЕС НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТ

Ко-Автори
Тип на презентација УснаПостер