Почитувани Колеги!

Би сакале најпрво би сакале да ве известиме дека УО на Здружение на лекари по општа и семејна медицина -ЗЛОМ СМ донесе ОДЛУКА да го одложи одржувањето на 5 Конгрес и 25 Симпозиум кои требаше да се одржат од 23-26 04.2020 во Охрид. Истото е во согласност со препораките на МЗ и СЗО кои се однесуваат на забраната за одржување на манифестации заради прогласената пандемија на вирусот Ковид 19. Во континуитет ќе ги следиме насоките од МЗ како и комисијата за заразни болести и искрено се надеваме дека состојбата со Ковид 19 нема да се влошува и наскоро ќе можеме да го објавиме новиот датум.

23 – 26 Април

2020

Oдложено

Охрид, Македонија

Упатства за општа / семејна медицина

Итни состојби во примарната здравствена заштита

Добредојдовте

Почитувани колеги, соработници и пријатели,

Во името на Здружението по општа медицина / семејна медицина на Македонија чест ми е да Ве поканиме да ни се придружите на 5-от Конгрес и 25–от Симпозиум, со меѓународно учество кои ќе се одржуваат од 23-ти до 26-ти април 2020 година во хотел Метропол- Охрид, Македонија.

Настанот ќе се одржи под мотото „ Семејна медицина – реалност и иднина’’

Водечка тема на конгресот е ,, Упатства за работа во ординација по општа / семејна медицина“ како клучни алатки за развој на лекарската пракса, земајќи ги во предвид потребите за континуирано надградување на нашите знаења, со што би ја дефинирале улогата на општиот – семеен лекар во грижата насочена кон пациентите на примарно ниво на здравствена заштита.

Од тој аспект се наметнува потреба од упатства базирани на докази за ПЗЗ кои ќе ги опфатат најчестите хронични заболувања, како и менаџмент на акутни ургентни состојби во ординација на лекарите од ПЗЗ. Со учество на домашни и меѓународни експерти од областа, ќе се овозможи размена на знаења вештини и искуства кои ќе најдат примена во работата на општиот семеен лекар во секојдневната пракса.

И за крај, покрај позитивната работна програма и атмосфера, тука е секогаш прекрасното окружување на градот Охрид.

Конгресот е поддржан од Вонка-Европа, Асоцијација на лекари по општа семејна медицина на Југоисточна Европа, Центар за семејна медицина –Медицнски факултет, Скопје

Ви посакувам топло добредојде

Срдечен поздрав,
Со почит,
Д-р Катерина Ковачевиќ
Претседател на ЗЛОМ-СМ

Апстракт

5ти Конгрес на Здружението на лекари по општа/семејна медицина го отвори својот повик за поднесување на апстракти.

Регистрација

Регистрацијата за 5ти Конгрес на Здружението на лекари по општа/семејна медицина сега е отворена, кликнете овде за да започнете.

Контакт

Контактирајте нè за дополнителни информации за претстојната конференција.

Причина да присуствувате

Општа и семејна медицина во Р. Македонија како специјалност во примарната здравствена заштита учествува во креирање на стандарди за грижа насочена кон пациентот.
Можност за практично вежбање и справување со ургентни состојби
Можност да присуствувате на неконвенционанални работилници
Ќе се одржи во прекрасно окружување на нашиот живописен град Охрид, во позитивната работна и научна атмосфера.
67084918_639062376602200_4167536264867741696_n

V-ти Конгрес на општа пракса / Доктор на семејна медицина

 

5-ти Конгрес и 25-ти симпозиум на лекари по општа/семејна медицина

ТЕМИ

Упатства за кардиоваскуларни заболувања
Упатства за дијабетес мелитус и дислипидемии
Упатства за респираторни заболувања
Упатства за ментални заболувања
Упатства за здравјето на децата
Упатства за здравјето на жените
Ургентни состојби во ординација по општа семејна медицина
Теми по избор

Звучници

Sed purus sem, bibendum quis ligula sit amet, pellentesque cursus odio. Donec quis egestas elit. Sed a nibh lobortis, tristique tortor actium.

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.

Dr. Lorem Ipsum

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.

Dr. Lorem Ipsum

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.

Dr. Lorem Ipsum

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.

Место

001-pin

Локација

Хотел Метропол
Населба Коњско, Охрид 6000

003-mail

Е-пошта

[email protected]

004-wifi

Останете во контакт

www.metropol-ohrid.com.mk

Се гледаме 23-26 април 2020

lecture new

Аплицирајте за можност за говорење

Придружете ни се на 5тиот Конгрес на Здружението на лекари по општа/семејна медицина