Почитувани Колеги!
Би сакале најпрво би сакале да ве известиме дека УО на Здружение на лекари по општа и семејна медицина -ЗЛОМ СМ донесе ОДЛУКА да го одложи одржувањето на 5 Конгрес и 25 Симпозиум кои требаше да се одржат од 23-26 04.2020 во Охрид. Истото е во согласност со препораките на МЗ и СЗО кои се однесуваат на забраната за одржување на манифестации заради прогласената пандемија на вирусот Ковид 19. Во континуитет ќе ги следиме насоките од МЗ како и комисијата за заразни болести и искрено се надеваме дека состојбата со Ковид 19 нема да се влошува и наскоро ќе можеме да го објавиме новиот датум.
Добредојдовте
Почитувани колеги, соработници и пријатели,
Во името на Здружението по општа медицина / семејна медицина на Македонија чест ми е да Ве поканиме да ни се придружите на 5-от Конгрес и 25–от Симпозиум, со меѓународно учество кои ќе се одржуваат од 23-ти до 26-ти април 2020 година во хотел Метропол- Охрид, Македонија.
Настанот ќе се одржи под мотото „ Семејна медицина – реалност и иднина’’
Водечка тема на конгресот е ,, Упатства за работа во ординација по општа / семејна медицина“ како клучни алатки за развој на лекарската пракса, земајќи ги во предвид потребите за континуирано надградување на нашите знаења, со што би ја дефинирале улогата на општиот – семеен лекар во грижата насочена кон пациентите на примарно ниво на здравствена заштита.
Од тој аспект се наметнува потреба од упатства базирани на докази за ПЗЗ кои ќе ги опфатат најчестите хронични заболувања, како и менаџмент на акутни ургентни состојби во ординација на лекарите од ПЗЗ. Со учество на домашни и меѓународни експерти од областа, ќе се овозможи размена на знаења вештини и искуства кои ќе најдат примена во работата на општиот семеен лекар во секојдневната пракса.
И за крај, покрај позитивната работна програма и атмосфера, тука е секогаш прекрасното окружување на градот Охрид.
Конгресот е поддржан од Вонка-Европа, Асоцијација на лекари по општа семејна медицина на Југоисточна Европа, Центар за семејна медицина –Медицнски факултет, Скопје
Ви посакувам топло добредојде
Срдечен поздрав,
Со почит,
Д-р Катерина Ковачевиќ
Претседател на ЗЛОМ-СМ
5-ти Конгрес и 25-ти симпозиум на лекари по општа/семејна медицина
ТЕМИ
Упатства за кардиоваскуларни заболувања
Упатства за дијабетес мелитус и дислипидемии
Упатства за респираторни заболувања
Упатства за ментални заболувања
Упатства за здравјето на децата
Упатства за здравјето на жените
Ургентни состојби во ординација по општа семејна медицина
Теми по избор
Место
Локација
Хотел Метропол
Населба Коњско, Охрид 6000