Причини да присуствувате
5-от Конгрес на Општа/Семејна медицина во организација на ЗЛОМ- СМ има за цел да ги презентира сите заложби кои се прават во служба на валоризација на општата и семејна медицина во Р. Македонија како специјалност во примарната здравствена заштита која ги поставува и ги преиспитува стандардите за грижа насочена кон пациентот.
Од тој аспект се наметнува потреба од упатства базирани на докази за ПЗЗ кои ќе ги опфатат најчестите хронични заболувања , како и менаџмент на акутни ургентни состојби во ординација на лекарите од ПЗЗ.
Покрај богатата тематска содржина учесниците ќе имаат можност за практична изведба на менаџмент при ургентни состојби со помош на симулациски пациент, како и посета на неконвенционални работилници и интерактивна настава.
Со меѓународно учество на експерти од областа, ќе се овозможи размена на знаења, искуства, тенденции на здравствените политики во однос на примарното здравство во соседните земји и пошироко.
И за крај, покрај позитивната работна програма и атмосфера, тука е секогаш прекрасното окружување на градот Охрид.
Конгресот е поддржан од Вонка-Европа , Асоцијација на лекари по општа семејна медицина на Југоисточна Европа и Центар за семејна медицина –Медицински факултет Скопје.